Два руски бомбардери прелетале крај Калифорнија и Алјаска

Москва, 7 јули 2015 (МИА) - Два руски стратегиски бомбардери Ту-95 прелетале во близина на крајбрежјето на западните американски сојузни држави Калифорнија и Алјаска, без да навлезат во воздушниот простор на САД, соопшти телевизијата „Фокс њуз“, пренесува ТАСС. 

Телевизијата се повикува на податоци од анонимни претставници на вооружените сили на САД. Според нив двата инциденти се случиле на 4 јули во интервал од 30 минути. 

Во двата случаи против рускиот авиони биле испратени американски борбени авиони Ф-22. Нема информации колку блиску до Калифорнија и Алјаска прелетале руските бомбардери. Сепак, според реакцијата на Обединетата команда за вселенска и воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД), на што се повикува „Фокс њуз“, појавта на руски воени авиони во близина на американска територија не предизвикало голема тревога. 

Руските стратегиски бомбардери често извршуваат тренинг летови над водите на Тихиот и Северниот леден Океан. - Тие летови не се без преседан, но не можеме да не реагираме без разлика дали станува збор за Алјаска или Калифорнија, изјави претставникот на НОРАД Мајкл Кучарк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...