Кабул, 7 јули 2015 (МИА) - Најмалку тројца странци се повредени во денешниот самоубиствен напад врз конвој на НАТО во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија локалните власти.
Тие не ја наведоа националноста на повредените.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Нивниот портпарол изјави дека нападот предизвикал голем број жртви во редовите на меѓународната коалиција во Авганистан.
Талибанците често го зголемуваат бројот на повредени и загинати во нападите извршени од нив.