Разбиена најголемата интернет страница за хакери Даркод, меѓу осомничените има и Македонци

Американското Федерално биро за истражување (ФБИ) заедно со други агенции од уште 19 земји во светот ја разбија интернет страницата Даркод (Darkode), која е една од главните онлајн форуми на хакери за продажба и купување на бази на податоци и лични информации на корисници од цел свет.

- Даркод е една од најсериозните закани за податоци, зачувани на компјутери во САД и ширум светот. Тоа беше најголемиот и најпрофесионалниот форум на англиски јазик за кибер-криминалци од цел свет, соопшти Министерството за правда на САД.



Обвинителот Дејвид Хиктон изјави дека се уапсени 12 лица во Пенсилванија, а се трага по уште 70 лица во САД и во други 19 земји, меѓу кои се Велика Британија, Австрија, Македонија, БиХ, Бразил, Канада, Колумбија, Коста Рика, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Германија, Израел, Литванија, Нигерија, Романија, Србија и Шведска.

Сајтот имал околу 300 активни корисници. Тој бил затворен вчера, кога биле покренати обвиненија за кибер-криминалците, а уапсени се дел од нив.

На интернет страницата се продавале украдени бази на податоци, кои содржат милиони адреси на електронски пошти, како и други лични информации за корисници од цел свет. Пристап до овој форум можело да се добие само со покана од веќе регистрирани хакери на него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...