Шверцери на луѓе продаваат фалсификувани сириски пасоши за мигрантите

Лондон, 22 септември 2015 (МИА) - Мигранти од земјите на Северна Африка и Блискиот Исток преку Фејсбук купуваат фалсификувани сириски пасоши, за да се прикажуваат како „бегалци“ од Сирија и на тој начин да может полесно да влезат во ЕУ, открива лондонски „Дејли Телеграф“. 

Илјадници лажни документи се наоѓаат во оптек во Турција, но и земјите кои се наоѓаат на трасите по кои се движат мигрантите кон државит од ЕУ. Пограничните власти на Унијата ги означуваат овие документи како „паднато овошје“ спремно за собирање од страна на економските мигранти кои се обидуваат да се провлечат во актуелната бегалска криза, прикаќувајќи се како бегалци.

Преправен новинар на овој весник, прикажувајќи се како египетски мигрант се јавил на телефоски број во Турција оставен на Фејсбук, каде шверцери на луѓе му понудиле фалсификуван сириски пасош за 1.400 евра, барајќи од него да доплати уште 1.200 евра за преминувањето низ Турција и Грција.

Ваквите состојби се обелоденети откако германската полиција уапси еден Мароканец, припадник на групата Исламска држава, кој имал лажни и се претавувал како азилант, бегалец од војната.

Весникот тврди дека Сиријците кои бегаат од својата земја поради војната, што трае веќе четири години, сега се гневи на луѓето од Ирак, Судан ,Либија, Египет, но и од Авганистан и Пакистан, кои лажно се прикажуваат како Сиријци, верувајжи дека на тој начин лесно ќе се провлечат во ЕУ.

Се почесто во текот на мигрантските патувања, избувнуваат тепачки меѓу вистинските Сиријци и оние кои лажно се прикажуваат дека бегаат од Сирија.

Еден таков инцидент се случил деновиве во Бели Манастир во Хрватска, откако Сириец-лекар кој 30 години живее во оваа земја, открил дека најголемиот број од оние што се пријавуаат како Сиријци не се тоа, како и дека многу од нив не знаат ниту еден арапски збор.

Според податоците на ЕУ, само еден од петмина мигранти се од Сирија, но дека на некои гранични премини и по 90 отсто од мигрантите се пријавиле како Сиријци.

Во Бугарија се запленети десет илјади лажни сириски пасоши, а извршниот директор на пограничната агенција на ЕУ - Фронтекс Фабрис Лежери изјави за „Дејли Телеграф“ дека луѓе кои сега се во Турција купуваат фалсификувани сириски пасоши, за да се пробијат до ЕУ и влезат во Унијата како бегалци, прикривајќи се дека се само економски мигранти, во потрага по работа и подобар живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...