Војна до смрт против терористите

Тел Авив, 5 октомври (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „до смрт ќе ја води борбата против палестинскиот терор“, давајќи инструкции за забрзување на процесот за уривање на домовите на палестинските терористи, како една од мерките да се спречи серијата терористички напади.

Тој тоа го најави по состанокот со највисоките воени претставници, истакнувајќи дека им дал инструкции да се зголеми бројот на т.н. административни притвореници, без обвиненија и судски процеси, да се распоредат повеќе безбедносни сили во Ерусалим и на Западниот Брег и да се протераат агитаторите од ерусалимскиот стар град и од Ридот на храмот, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.

- Водиме војна против палестинскиот тероризам, нагласи Нетанјаху по средбата, на која учествуваа и израелскиот министер за одбрана Моше Јалон, министерот за јавна безбедност Гилад Ердан, началникот на израелската армија Гади Ајзенкот и шефот на безбедносната служба Шин Бет, Јордам Коен.

По двата напади на палестински милитанти врз цивили викендов, израелската полиција вчера воведе драстична мерка за дводневна забрана за Палестинците да влезат во Стариот град на Ерусалим, доколку таму не живеат, работат или се школуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...