Дождови какви немало илјада години

Чарлстон, 5 октомври 2015 (МИА) - Гуверенерот на Јужна Каролина, Ники Хејли изјави дека дождовите кои паднаа во оваа американска сојузна држва во изминатите три дена, „не се забележани илјада години“.

Метеоролозите во Јужна Каролина регистрираа дека наврнале 35 санитиметри дожд, што е многу повеќе отколку врнежите во реонот на Карибите што ги предизвика ураганот „Хоакин“, кој тргна од карибскиот регион и продолжи на север крај источниот брег на САД.

Најтешко е погоден историскиот град Чарлстон, каде училиштата денеска нема да работат.

На разни места се уште има големи води, што останаа на површината по водотеците кои поплавија делови од градот и од оваа сојузна држава. Десетина автопати кои водат кон Чарлстон или минуваат покрај него и натаму се затворени за сообраќај.

- Ова беа дождови какви овде немало илјада години, рече гувернерот Хејли, која побара од населението да не излегува од своите домови.

Таа ги предупреди луѓето да останат дома, затоа што водата во градот не е за пиење, а секаде каде на површината има останато големи води има бројни бактерии.

Локалната полиција соопшти дека досега се регистрирани шест загинати лица, но се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина, што значи дека оваа јужна сојузна држава ќе добие федерална помош за справувањето со последиците од големото невреме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...