Властите на САД забележуваат значително зголемување на бројот на кандидати-џихадисти во земјата

Вашингтон, 9 октомври 2015 (МИА) - САД соопштија дека се соочуваат со значително зголемување на бројот на кандидати-џихадисти на своја територија, при што нивната просечна возраст е се помала, а делот на жените меѓу нив се зголемува. 

Оваа информација беше објавена од тројцата главни шефови во борбата против тероризмот на сослушување од Комисија на Конгресот.

- Идентификувањето на луѓето, кои се привлечени од приврзаниците на Исламска држава на Интернет е предизвик, еднаков на барање игла во сено со големина на државата, изјави директорот на ФБИ Џејмс Коми.

- Изгледа дека на пораките на социјалните мрежни се поподложни се помладите, се повеќе девојчиња, односно припадички на женскиот род под 18 години, додаде тој. 

- Во текот на летото следевме десетици лица на целата територија на САД деноноќно и ги осуетивме плановите на многумина од нив, нагласи шефот на ФБИ. 

Николас Расмусен, раководител на Националниот центар за борба против тероризмот истакна дека бројноста на таа група значително се зголемила во изминатите 18 месеци. 

- Од не повеќе од два или три случаи во 2009 година, случаите со кандидати-џихадисти се зголемени на десетици минатата година, а нивниот број е двојно зголемен во 2015 година, која се уште не е завршена, нагласи тој.

- Групацијата ИД влеа нова енергија во екстремистите, кои живеат во нашата земја, додаде Расмусен, кој пред парламентарната комисија се обрати заедно со Коми и министерот за внатрешна безбедност Џеј Џонсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...