Судири на антиисламисти и антирасисти низ градовите на Австралија

Мелбурн, 24 ноември 2015 (МИА) - Неколку десетици луѓе беа уапсени од полицијата, откако во повеќе градови на Австралија избувнаа судири на антиисламисти и антирасисти.

Најостри судири имаше во Мелтон, едно од предградијата на Мелбурн, но вакви инциденти се регистрирани и во Сиднеј, Аделеид и Бризбејн, како и во главниот град Канбера и на западот од земјата, во Перт.

Судирите на приврзаници и активисти на двете спротивставени групации, настанаа откако австралиската десничарска група „Риклеим“ („Припитомување“) организираше десетици протесни маршеви низ градовите во земјата.

Дел од овие маршеви прераснаа во насилни, кога десничарските активисти се судрија со активисти на разните антирасистички групи.

Еден жител на Мелтон изјави за локалните медиуми дека одлучил да им се приклучи на антиислмистите од, како што рекол, сосема разбирливи причини.

Според овој десничарски активист, дојденците во земјата ќе мора да се асимилираат во австралиското општество и да се претворат во Австралијци, доколку се одличиле да се населат и да живеат во земјата.

- Некои луѓе, имам впечаток се дојдени овде од сосема грешни причини, изјавил овој жител на мелбуршкото предградие.

Тој објаснува дека се приклучил на групата „Риклеим“ затоа што „не би сакал да се чувствува како да не припаѓа на Австралија“ поради бројните исламистички заедници низ градовите.

Вакви судирања меѓу антиисламисти и антирасисти имаше во Мелбурн и во јули оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...