Американската војска загрижена за префрлањето на рускиот ракетен систем С-400 во Сирија

Вашингтон, 26 ноември 2015 (МИА) - Одлуката на  Русија во својата база во Сирија да го распореди најмодерниот противавионски ракетен систем С-400 предизвика „значајна загриженост“ кај американската војска, информираа официјални американски претставници.

Неименуван американски претставник за француските медиуми кажа дека овој систем „за секого претставува значајна закана“.

- Постои значајна загриженост што се однесува до воздушните операции во Сирија, наведе овој претставник.

С-400 имаат дострел од околу 400 километри, што значи дека може да продре длабоко на турска територија или може да претставува и потенцијална закана за авионите од  коалицијата, предводена од САД.

Москва најави дека во Сирија ќе го испрати својот најмодерен противавионски ракетен систем С-400, откако во вторникот турски ловци соборија руски воен авион на турско-сириската граница. Овој систем ќе биде распореден во базата Хмејмим.

Базата Хмејмим се наоѓа на подрачјето што го контролираат силите на сириската војска, а Русија ја користи за полетување на своите бомбардери кои одат во акции на уништување цели на Исламска држава во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...