Индонезија ја најавува својата улога во балансирање на влијанијата на Кина и САД во југоисточна Азија

Џакарта, 27 ноември 2015 (МИА) - Во дипломатските кругови во Азија последниве месеци се почесто се говори дека Индонезија ќе ја преземе посредничката улога во споровите на Кина со повеѓе држави од југоисточна Азија, особено околу прашањето за сувереноста над големото Јужно Кинеско Море.

Дека таа идеја е блиску до остварување, според медиумите во Индонезија, е најновата студија на универзитетот од Сиднеј, Австралија, во кој се заклучува дека 256 милионската Индонезија има најмногу објективни услови да биде медијатор во спорот кој сериозно може да го наруши мирот во регионот, но и пошироко.

Во студијата се вели дека покрај кинеското инсистирање дека територијата на Јужното Кинеско Море е суверен дел на нејзината територија, во спорот се вклучија и САД, чии воени бродови во тоа море пловат заедно со филипинските, со идеја да ја докажат тезата за право на слободна пловидба.

Основната потпора за заклучокот дека Индонезија е најдобриот можен посредник за решавање на споровите, во анализата на универзитетот во Сиднеј се истакнува дека Џакарта веќе 10 години воспоставила целосна рамнотежа во односите со Кина и САД. Односите со Вашингтон, по соборувањето на Сукарно, беа на мошне високо политичко и економско ниво, а особено на планот на воената соработка, но од 2006 година Кина стана најголемиот економски партнер на Индонезија.

Официјалната најава за прифаќањето на идејата Индонезија да ја има улогата на држава која ќе создава баланс на интересите и влијанијата на двете големи сили во регионот на југоисточна Азија се чека од претседателот Јоко Видодо. Сегашниот претседател на државата во изминативе 13 месеци по преземањето на власта неколку пати нагласуваше дека во надворешнатаполитика приоритет на Индонезија е стабилноста на регионот. Видодо и неговите министри во овој период често пати изјавуваа дека без усогласување, или намалување на влијанието на интересите на Кина и САД на случувањата во регионот ќе нема услови за развој на економиите и демократијата во државите на АСЕАН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...