Исламска држава погубила над 3.500 луѓе во Сирија

Лондон, 29 ноември 2015 (МИА) - Исламска држава погубила над 3.500 луѓе во Сирија, од кои речиси 2.000 цивили, од прогласување на својот „калифат“ во јуни минатата година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Според податоците на оваа група за мониторинг со седиште во Лондон, ИД погуби 3.591 лица во Сирија, откако прогласи свој исламски „калифат“ по заземањето на големи делови од територијата на државата.

Новиот биланд опфаќа 1.945 цивили, меѓу кои 103 се жени и 77 деца.

Некои од нив се погубени поради наводно вештерство, хомосексуалност и соработка со коалициските сили предводени од САД, кои ги бомбардираат ИД во Сирија од септември 2014.

Меѓу убиените цивили се наоѓаат 930 припадници од сунитското племе Шаитат, кои се убиени во провинцијата Деир Езор минатата година откако се спротивставиле на сунитската екстремистичка група. 

ОН ја обвинија ИД за „злосторства против човештвото“.

Над 250.000 луѓе се убиени, а над четири милиони биле принудени да ја напуштат Сирија, од почетокот на конфликтот во земјата во 2011 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...