Ирачката армија ги повика цивилите да го напуштат Рамади

Багдад, 30 ноември 2015 (МИА) - Ирачката армија ги повика денеска цивилите да го напуштат градот Рамади, кој е под контрола на групацијата Исламска држава, што укажува дека наскоро може да почне операција за враќање на контролата врз него. 

Во соопштението објавено од Ирачката државна телевизија, командата на армијата побара од семејствата од Рамади да го напуштат градот преку неговиот јужен кварт Химајра. 

Се уште не е официјално потврдено дали ирачките власти ќе ја почнат долгоочекуваната операција за враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар.

Меѓународната коалицијата, предводена од САД, во саботата изврши седум напади врз ИД во близина на Рамади. 

Групацијата, која контролира големи територии на Ирак и Сирија го зазеде градот во мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...