Над 200 милиони девојчиња и жени подложени на генитално осакатување

Женева, 5 февруари 2016 (МИА) - Во текот на минатата година ширум светот над 200 милиони девојчиња и жени биле подложени на генитално осакатување, традиционален верски обред кој се практикува во многу африкански и азиски земји, иако таквата постапка никаде не се споменува ниту во Библијата, ниту во Куранот, соопшти денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).  

Според проценките на УНИЦЕФ, бројот на генитално осакатени припаднички на женскиот пол се зголемува од година во година и покрај напорите за спречување на оваа појава. 

- Ако ваквиот тренд продолжи бројот на девојки и жени со осакатени гениталии занчително ќе се зголеми во следните 15 години, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ објавен по повод Меѓунардониот ден за нулта толеранција на гениталното осакатување.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека ваквата пракса се применува во најмалку 30 земји во светот, при што половина од девојчињата и жените со осакатени гениталии се од Египет, Етиопија и Индонезија.

Во споредба со 2014 година бројот на генитално осакатени девојчиња и жени лани е поголем за околку 70 милиони, што во одредена мерка се должи и на вклучувањето на податоци од Индонезија за оваа појава. 

Заменикот извршен директор на УНИЦЕФ, Гета Рао Гупта изјави дека постапката на генитално осакатување се разлиува по региони и култури, но заедничка карактеристика за оваа појава е тоа што се загрозуваат животите и здравјето на припадничките на женскиот пол кои се подложени на овој обред. 

- Гениталното осакатување претставува кршење на човековите права на девојките и жените и затоа сите ние заедно со владите, медицинските работници, лидерите на заедниците, родителите и семејствата мораме да вложиме напори за негово спречување, порача Гупта. 

Овој ритуал вообичаени вклучува целосно или делумно отсранување на надворешните генталии и вообичаено се изведува врз девојчиња пред да наполнат пет години. Во многу заедници, гениталното осакатување е предуслов една девојка да стапи во брак.

Покрај трите веќе спомената земји, Египет, Етиопија и Индонезија, ваквата пракса е нашироко распространета и во Сомалија, Гвинеја, Џибути и Сиера Леоне.

Благодарејќи на заложбите на ОН последниве 30 години појавата на генитално осакатување на жените драстично е намалено во Либерија, Буркина Фасо и Кенија, се наведува во извештајот, при што се додава дека иако има сознанија за појава на оваа пракса и во Индија, Колумбија, Малезија, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, УНИЦЕФ нема податоци за бројот на девојки кои биле подложени на оскатување на гениталиите во овие држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...