Северна Кореја ги завршува подготвките за лансирање ракета

Токио, 5 февруари 2016 (МИА) - Американски сателитски податоци укажуваат дека Северна Кореја најверојатно започнала да полни гориво во ракетата што планира да ја лансира во текот на овој месец и покрај противењето на меѓународната заедница, објавија денеска јапонските дневни весници. 

- Северна Кореја ќе ги заврши подготовките за лансирање (на ракетата) во следните денови, наведува „Асахи Шимбун“, повикувајќи се на извор во американското Министерство за одбрана. 

Пјонјанг го најави лансирањето на ракетата, која би требало да однесе сателит во Вселената, меѓу 8 и 25 февруари. 

Северна Кореја тврди дека нејзината вселенска програма има научни цели, но САД и нивните сојузници, меѓу кои и Јужна Кореја, сметаат дека се работи за тестирање интерконтиненталана балистичка ракета, која би имала дострел до американската територија.

Од вчера, сателитските снимки даваат податоци за значителна раздвиженост на луѓе и опрема околу рампата за лансирање и околу резервоарите со гориво во комплексот Сохае во северозападниот дел на земјата, прецизира „Асахи Шимбун“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...