Вдовица на поранешен функционер на ИД обвинета за смрта на американска хуманитарка

Багдад, 9 февруари 2016 (МИА) - Ирачанката Нисрен Асад Ибрахим Бахар, вдовица на поранешниот висок функционер на ИД Абу Сајеф, е обвинета за смрта на американската хуманитарка Кејли Милер.

Бахар (25) позната и како Ум Сајеф се наоѓа во затвор во Ирак.

Според ирачкото обвинителство, Ум Сајеф била задолжена да ја чува Милер, дозволувајќи повеќепати Американската да биде силувана од лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади.

Кејли Милер беше хуманитарна активистка која замина за Сирија, помагајќи им на цивилите во реонот на градот Алепо.

Во 2013 година, таа беше грабната од џихадистите и одведена во заробеништво. Во минатата година, Милер беше убиена.

Абу Сејаф, за кого се тврди дека делувал како министер за нафта и гас во Исламска држава, одговорен директно на Ал Багдади, беше убиен во мај 2015 година, во текот на една операција на специјалните сили на САД.

Неговата соруга Ум Сајеф тогаш беше заробена, а потоа предадена на ирачките власти.

Американското Министерство за правда го поздрави подигнувањето обвинување за вдовицата на џихадистот Абу Сајеф, но изјави дека САД продолжуваат да трагаат по правдата за убиената Кејли Милер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...