Обама со лидерите од Југоисточна Азија ќе направи финален чекор за „ребаланс“

Џакарта, 11 февруари 2016 (МИА) - Главна политичка тема во регионот на југоисточна Азија деновиве е најавената дводневна средба на американскиот претседател Барак Обама со шефовите на држави или влади на десетте членки на АСЕАН.

Белата куќа и официјално соопшти дека на 15 и 16 февруари претседателот на САД ќе биде домаќин на лидерите на Индонезија, Малезија, Брунеи, Сингапур, Филипините, Тајланд, Лаос, Камбоџа, Мјанмар и Виетнам.

На самитот што ќе се одржи во Санилендс, Калифорнија, како што е соопштено во Вашингтон, Барак Обама ќе го направи финалниот чекор за „ребаланс“ на глобалната политика на САД, кои инсистираат дека се важен чинител за политичката, економската и воена состојба во југоисточна Азија..

Аналитичарите оценуваат дека САД го прават „ребалансот“ поради тоа што нивната концентрација на настаните на Блискиот Исток, овозможила во југоисточна Азија да расте влијанието на Кина и Русија.

САД на средбите со лидерите од АСЕАН ќе го промовираат и својот став за поделбата на Јужното Кинеско Море на кое суверенитет прогласува Кина. Најавени се и сериозни разговори за смалување на набавките на оружје од Кина и Русија.

Денешниот влијателен „Џакарта пост“ ја коментира и изјавата на Белата куќа во која се вели дека „пријателите на САД од југоистона Азија не треба да бидат загрижени за односите со Вашингтон ако на претстојните претседателки избори победат демократите“.

Според оваа изјава, американски претседател од редовите на републиканците би ги вратил односите на слична ситуација од пред петнаесет години, кога САД не покажуваа интерес за унапредување на политичките и економски односи со држаите од АСЕАН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...