Абади. Курдистан е дел од Ирак, така треба и да остане

Берлин, 11 февруари 2016 (МИА)  - Ирачкиот премиер Хајдер Абади денеска го повика Курдистан да се откаже од плановите за одржување референдум за независност, предупредувајќи дека оваа автономна област на северот од земјата нема да може да се одржи без Ирак.

- Регионот Курдистан нема да се развива без Ирак, а Ирак мора да биде обединет со сите делови, порача Абади во Берлин, по разговорите со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Абади наведе дека Курдистан е дел од Ирак и дека се надева дека така и ќе остане, пренесуваат француските медиуми.

Меркел изјави дека Германија на Ирак ќе му даде заем од 500 милиони евра за обнова на инфраструктурата.

Лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани, на почетокот на месецот изјави дека „дојде време“ Курдите да одржат референдум за државноста, што е потег кој веројатно ќе предизвика тензии меѓу ирачки Курдистан и Багдад.

-Дојде време и сега постојат поволни услови народот на референдум да донесе одлука за својата иднина,  рече Барзани.

Лидерот на ирачките Курди кажа дека референдумот нема веднаш да води кон прогласување држава, туку би бил показател на волјата и мислењето на народот на Курдистан за нивната иднина.

Барзани, кој слични барања изнесуваше и во минатото, не прецизира кога референдумот би се одржал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...