Јужнокорејски пратеник бара смена на Ким Џонг-ун по примерот на Садам Хусеин

Сеул, 12 февруари 2016 (МИА) - Пратеникот од редовите на јужнокорејската владејачка Партија на новите граница (СД), Ха Тае-кеунг денеска повика на смена од власта на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, јави агенцијата Јонхап.

- Сите ќе бидат среќни ако биде сменет Ким Џонг-ун, изјави Ха во интервју за една јужнокорејска локална радио станица.

Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да остане обединета во непорите за смена на Ким, како што тоа го стори во случајот со поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.

- И Ким Џон-ун е воен злосторник, нагласи Ха, алудирајќи на осудата и егзекуцијата на Садам Хусеин под обвинение за воени злосторства. - Ослободувањето од злосторниците е прифатливо и не претставува кршење на меѓународното право, нагласи јужнокорејскиот пратеник.

Властите во Сеул засега не реагираа на ваквиот повик на пратеникот од редовите на владејачката коалиција, а досега не се огласи ниту официјален Пјонгјанг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...