СЗО: Вирусот зика предизвикува и невролошки нарушувања

Женева, 14 февруари 2016 (МИА) - Последниве недели забележан е пораст на невролошките нарушувања во неколку земји во Латиснка Америка, во кои е регистрирана епидемија на вирусот зика, соопшти денеска Светската здравстевна организација (СЗО).

Во редовниот неделен извештај на СЗО, објавен во Женева, се посочува дека во Бразил, Колумбија, Салвадор, Суринам и Венецуела се регистрирани зголемен број случаи на невролошкото нарушување Гилен-Бераеов синдром (ГБС), кој може да предизвика времена парализа.

Според СЗО, причината за растот на бројот на случаи на ГБС во овие земји засега не е позната, но најверојатно е поврзан со ширењето на вирусот зика, кој го пренесуваат комарците.

- Појавата на синдромот во овие земји доаѓа во исто време со ширењето на некои вируси, како што се зика, денга и чикунгуња, наведува СЗО во извештајот.

Според податоците на Организацијата, случаи на лица инфицирани со вирусот зика досега се регистрирани во 33 земји ширум светот, од кои најголемиот број во Јужна Америка и Карибскиот регион.

Како последица на епидиемијата на вирусот зика на американскиот континет е регистиран и пораст на случите на микорцефалија, ретко нарушување при кое се раѓаат деца со помали глави и мозоци од вообичаните.

Во случаите на појава на микроцефалија кај новороденчињата е утврдено дека нивните мајки биле инфицирани со вирусот зика во текот на бременоста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...