Во Сирија стапи во сила прекинот на огнот

Дамаск, 27 февруари 2016 (МИА) - Прекинот на огнот стапи на полноќ во сила во Сирија, како што е договорено врз основа на американско-рускиот план за кој завојуваните страни се обврзаа дека ќе го почитуваат, а како што известуваат агенциите, оружјето главно стивнало во земјата, разорена од петгодишната војна.



Од договорот за примирје исклучени се исламистичките групи Фронтот Ал Нусра и Исламска држава, што предизвикува сомнеж во одржливоста на примирјето.

Пукотниците престанале во предградијата на Дамаск и Алепо на северот на земјата, каде во изминатите денови се водени жестоки борби, а Опсерваторијата за човекови права објави дека е мирно на северот на провинцијата Латакија и во централните провинции Хомс и Хама.

Пратеникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура најави дека новата рунда преговори ќе почне на 7 март доколку примирјето се одржи.

Советот за безбедност на ОН еден час пред стапувањето во сила на примирјето едногласно го поддржа договорот со усвојување на резолуција, за која нацрти изработија САД и Русија.

Русија вчера соопшти дека сите страни се подготвени за примирје, додека Турција изрази сериозна загриженост во врска со договорот за примирје меѓу силите на сириската опозиција и официјален Дамаск кои го предложија Вашингтон и Москва.

Сириската опозиција соопшти дека ќе го почитува примирјето, но изрази сериозна загриженост поради недостигот на јасен механизам за примена на договорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...