Ослободени речиси сите патници од киднапираниот авион

Никозија, 29 март 2016 (МИА) - Сите патници од киднапираниот египетски авион се ослободени, освен седуммината членови на екипажот и четворица странци, соопшти компанијата „Иџиптер“, јави Би-Би-Си.

Според медиумските извештаи сите странци се Европејци.

- Преговорите со киднаперите резултираа со ослободување на сите патници, освен членовите на екипажот и четворица странци, напиша авиокомпанијата на Твитер.




Авион на египетската компанија „Иџиптер“ со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот пристанишен град Ларнака околу 8:30 часот изутрината по локално време. 

Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро и кусо по 8:20 часот по локално време навлегол во воздушниот простор на Никозија, при што пилотите побарале да слета на аеродромот во Ларнака, поради тоа што во него имало киднапери. 

Според кипарските медиуми киднаперите побарале од пилотите да го приземјат авионот во Ларнака. 

Во моментов авионот се наоѓа во зоната за безбедност на аеродромот во Ларнака.

Според кипарски претставник постои сомневање дека во авионот има бомба.

Кипарските власти се во состојба на зголемена готовност и веќе е свиката итна владина седница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...