Државјанин на Египет- киднапер на египетскиот авион

Каиро, 29 март 2016 (МИА) - Египетскиот државјанин Ибрахим Самаха е киднапер на авионот на авиокомпанијата „Иџиптер“, кој принудно слета изутринава во Кипар, јавија египетски медиуми.



Според кипарската телевизија тој ова можеби го сторил од лични мотиви, со оглед на тоа дека во Кипар живее неговата поранешна сопруга, пренесува БТА.

Од друга страна негови роднини за телевизијата „Ал Арабија“, пренесе ТАСС  изјавија дека Самаха, боледува од психичко растројство,.

Утврдено е дека Самаха е професор по ветеринарна медицина на универзитетот во Александрија и со договор за дело работел како предавач на универзитетот во Атланта, во САД, а имал американско државјанство и постојано жителство во провинцијата Александрија.

Самаха бил регистриран во патничкиот авион А320, што бил на летот од Александрија за Каиро. Египетската телевизија ги објави првите снимки од аеродромот во Ларнака. Судејќи по нив, Ибрахим Самаха е на возраст од околу 50 години. Телевизијата соопшти дека тој на Кипар побарал преведувач и политички азил.

Авионот на египетската компанија „Иџиптер“ со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот пристанишен град Ларнака околу 8:30 часот изутрината по локално време.

Во грабнатиот египетски авион патувале и 21 странец - осуммина Американци, по четворица Британци и Холанѓани, двајца Белгијци, еден Французин, еден Сириец и еден Италијанец, информира египетското Министерство за цивилна авијација, цитирано од француските медиуми. Останатите патници најверојатно биле Египтѓани.

Од друга страна Министерството на цивилна авијација уверува дека авионот превезувал вкупно 81 патник, додека авиокомпанијата „Иџиптер“ тврди дека во него имало само 55 патници, забележуваат француските медиуми.

Египетскиот министер за цивилна авијација на вонредна прес конференција во Каиро соопшти дека во моментов во киднапираниот авион се останати седум лица, вклучувајќи и тројца патници.

Во меѓувреме агенциите пренесоа дека биле ослободени уште петмина заложници.

Според кипарските извори, засега не е потврдена информацијата дека во авионот има бомба.

„Иџиптер“ на налогот на Твитер објави дека се ослободени сите патници со исклучок на четворица странци и членовите на екипажот, јави ДПА. Според медиумските извештаи сите странци се Европејци.

Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро и кусо по 8:20 часот по локално време навлегол во воздушниот простор на Никозија, при што пилотите побарале да слета на аеродромот во Ларнака, поради тоа што во него имало киднапери. Според кипарските медиуми киднаперите побарале од пилотите да го приземјат авионот во Ларнака.

 Аеродромот во Ларнака е затворен и сите летови се пренасочуваат кон Пафос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...