Заврши заложничката криза со египетскиот авион

Никозија, 29 март 2016 (МИА) - Лицето, кое утрово киднапираше авион на египетската авиокомпанија „Иџиптер“, попладнево и се предаде на кипарската полиција.



Како што јави кипарската државна телевизија, киднаперот со кренати раце излегол од авионот и им се предал на полицајците распоредени околу леталото на аеродормот во Ларнака.

Си-Ен-Ен јави дека грабнувачот на авион е идентификуван како Сеиф Ел Дин Мустафа и дека веќе се наоѓа во притвор. 

Според кипарската државна телевизија, пред предвањето на киднаперот, од авионот излегле седум лица, за кои се претпоставува дека се преостанатите киднапирани патници и членови на екипажот на леталото.

По објавувањето на веста за предавањето на киднаперот, Министерството за надворешни работи на Кипар на својот официјален налог на Твитер објави дека заложничката криза „завршила“.

Кипар ги известил властите на Египет дека драмата со заложниците и грабнатиот авион е завршена без испукан куршум и без примена наннасилство, но останува нејасно кои се мотивите за целиот инцидент.

Египетскиот авион „Ербасот А320“, кој сообраќаше на релација Александрија-Каиро, беше киднапиран изутрината, по што киднаперот Дин Мустафа, кој е египетски државјани, побарал од пилотите да го насочат леталото кон Кипар, заканувајќи се дека на него има елек со експлозив, каков што користат бомбашите-самоубијци.

Набрзо по слетувањето на авионот во Ларнака, киднаперот ги ослободи речиси сите патници, по што во леталото останаа само членовите на екипажот и неколкумина странци. Медиумите јавија дека патниците се ослободени по преговори меѓу кипарските власти и грабнувачот.

Во моментот на киднапирањето во авионт имаше 55 патници  и седум членови на екипажот.

Аеродромот во Александрија, од каде полета авионот, соопшти дека во него имало 30 Египќани, осум Американци, четворица британски државјани, двајца Белгијанци, четворица Холанѓани и еден италијански државјанин.

Кипарските власти соопштија дека не станува збор за терористички инцидент, како и дека причината за киднпирањето биле „приватни причини“ на киднаперот, односно неговата желба повторно да стапи во контакт со неговата сопруга, со која се разделени и која сега живее на Кипар.

„Сајпрус мејл“ јави дека тој побарал да разговара со сопругата, а американската агенција „Блумберг“ пак извести дека киднаперот барал да и се предаде негово писмо. 

Некои кипарски медиуми пак тврдеа дека киднаперот преддал писмо со „политички барања“ за ослободување на затвореници од затворите во Египет, а пред се жени.

Египетскиот амбасадор во Никозија, Мустафа Бакри на Твитер објави дека киднпаерот побарал „политички азил“ во Кипар.

Ваквите медиумски наводи, засега се уште не се официјално потврдени. 

Не е познато ни дали грабнувачот навистина на себе носел елек со експлозиав или пак тоа му служело само за заплашување.

Експерти од цивилното воздухопловство, во изјава за Си-Ен-Ен, ги обвинија безбедносните служби на аеродромот во Александрија, за „тежок пропуст“ во врска со инцидентот со киднапираниот авион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...