Гатилов: Испраќање американски војници во Сирија е нелегитимно

Москва, 27 април 2016 (МИА) - Упатување американски војници во Сирија и нивно присуство таму е нелегитимно, изјави заменикот министер на Русија за надворешни работи Генадиј Гатилов, јави ТАСС.

- Тие немаат мандат на сириската влада, дополни Гатилов.

Претседателот на САД, Барак Обама неодамна одлучи  да испрати дополнителни 250 припадници на американските вооружени сили во Сирија, заради поддршка на локалните сојузници во напредување против таканаречената Исламска држава.

- Во деловите на северна и источна Сирија остварен е напредок во борбата против џихадистите кои се истерани од некои нивните упоришта, рече заменикот советник на Белата куќа за национална безбедност, Бен Роудс во обраќањето пред новинарите во Хановер каде Обама неодамна беше во посета.

- Сакаме да го забрзаме тој напредок и веруваме дека одлуката за испраќање американски војницич може да игра одлучувачка улога, наведе Роудс.

Тој прецизира дека војниците во Сирија нема да учествуваат во борбата на терен.

Американското списание „Волстрит џурнал“ наведува повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, дека со тоа бројот на американскиот воен персонал во Сирија ќе се зголеми на околу 300.

Во меѓувреме, весникот „Рај ал јаум“ јави дека денеска околу 150 американски војници пристигнале на аеродромот Ремејлан, во североисточната сириска провинција Хасака. Изданието посочува дека американските војници биле транспортирани до Румејлан со хеликоптери на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Реонот во кој пристигнале е под контрола на курдските Сили за самоодбрана. Сепак весникот не прецизира дека пристигнатите војници се од контингентот на американската армија за чие испраќање неодамна информираше Обама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...