Дилма Русеф нема намера да се повлече од власта

Њујорк, 28 април 2016 (МИА) - Бразилската претседателка Дилма Русеф нема намера да се повлече од власта и покрај обидите за нејзин импичмент, изјави таа во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, цитирана од ТАСС.

Во Бразил, како и во САД, не треба да се бара импичмент само заради ниската популарност на претседателот, бидејќи популарноста циклично се менува, изјави Русеф.



Таа забележа дека доколку ова се случуваше во европските држави нивните лидери ќе си имаа сериозни проблеми.

Ако беше поинаку сите претседатели, сите премиери во Европа, кои се судруваат со тоа што невработеноста достигнала 20 проценти, неизбежно ќе беа принудени да се повлечат со импичмент, бидејќи нивната популарност значително е опадната, појасни таа.

Одговарајќи на прашањето дали ќе остане на претседателската функција и покрај обидите за нејзино отстранување, Русеф одговори дека ќе се бори не за едноставно останување на функцијата, туку за да опстои демократскиот  принцип на кој се темели политичкиот живот во Бразил.

Претседателката подвлече дека многу од политичарите, кои го бараат нејзиниот импичмент, биле обвинети за корупција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...