Deutsche Welle

Вреваџијата Трамп сега мора да мутира во државник

Доналд Трамп ја оствари првата цел: републиканската кандидатура за претседател на САД е речиси негова. Сега вреваџијата мора да покаже дали може да биде и државник и дипломат, смета Миодраг Шориќ



На крајот победата дури и за самиот Доналд Трамп дојде изненадувачки брзо. Откако 69-годишниот политичар победи и на предизборите во Индијана, неговиот поразен противкандидат сенаторот Тед Круз се предаде. Тој најави повлекување, но не го спомна Трамп со ниту еден збор. Круз е повреден, огорчен. Конечно Трамп за време на изборната трка го напаѓаше и него лично и неговото семејство. На Трамп не му беше првпат од политичките конкуренти да направи непријатели. Во наредните месеци мора да стравува од нивната одмазда, да внимава да не зборуваат лошо против него.

Трамп мора да се покаже како дипломат

Зашто Трамп сега речиси сигурно ќе биде кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД во ноември. Неговата прва задача сега гласи: обединување на разединетата партија. Полесно да се каже отколку да се направи. Ако ништо друго Трамп во неговиот победнички говор го направи почетниот чекор, се обиде да направи нападите од изминатите години да бидат заборавени. Трипати го фалеше поразениот Круз, повеќепати партискиот естаблишмент, кој досега во сите негови говори го оцрнуваше. И ја нападна Хилари Клинтон. Пред сѐ соперништвото кон неа, веројатната претседателска кандидатка на Демократската партија, ги обединува републиканците.

Американската изборна кампања трае веќе 10 месеци и барем кај републиканците се одвива сосема поинаку од она што дури и најголемите експерти и инсајдери го предвидоа. Никој во минатото лето не сметаше на победа на Доналд Трамп. Кругот републикански кандидати сепак понуди големи имиња. Меѓу нив успешни, искусни гувернери и сенатори. Политичари со добро наполнета „воена каса“, со поддршка од партиското раководство и политичката елита на земјата.

Не-политичарот Трамп

Меѓутоа кај избирачите се проби Трамп. Аутсајдерот. Некој, никогаш не извршувал јавна функција. Милијардер, бизнисмен со недвижности, телевизиска реалити ѕвезда. Гласачите сакаа сѐ- само не политичари.

Пораката на Трамп за корумпираните елити наиде на слух кај избирачите. Неговото обвинување дека Вашингтон е виновен за пропаста на средната класа проаѓа добро. Трамп говори со јазик на малиот човек. Неговите приврзеници му веруваат или уште подобро кажано: сакаат да му веруваат. Хилари наспроти тоа можеби располага со факти и бројки за големата политика но потребен и е телепромтер за краток говор. Речиси никој не е толку добро стручно подготвен за работата во Белата Куќа како таа. Но Хилари има проблем со веродостојноста. Американците не ја сакаат. Таа - за разлика од нејзиниот сопруг , поранешниот претседател на САД, Бил- не е политички природен талент.

Може ли Трамп и како државник?

Трамп и Републиканската партија од сега натаму се безусловно упатени еден на друг. Ќе биде занимливо да се набљудува, како вреваџијата Трамп ќе мутира во државник, како ќе им пристапи на женските гласачи, кои досега во 70 проценти го отфрлаат. Што Трамп ќе им вети на Афроамериканците, за барем помалку да го отфрлаат од досега? Работни места? Повеќе пари за образование? Американската изборна трка останува возбудлива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...