Абу Сајаф емитуваше видео снимка со заробениците за кои бара откуп

Манила, 4 мај 2016 (МИА) - Тројца заробеници, киднапирани од филипинската милитантна исламистичка група Абу Сајаф се појавија на видео снимка-порака, на која ги молат владите на Канада, Норвешка и Филипини, чии се државјани, да ја платат откупoт што за нивното ослободување ја бараат нивните киднапери.

На видео пораката тие велат дека ако не се плати откупнината тројцата ќе бидат ликвидирани, онака како што тоа му се случи на Канаѓанецот Џон Ридсдел, чија отсечена глава беше најдена пред девет дена.

Абу Сајаф претходно бараше од земјите од каде се заробениците, откуп од десетици милиони американски долари.

Канада и Филипините веќе соопштија дека нема да има преговори со киднаперите ниту дека ќе плаќаат откуп на терористички групи. Владата во Манила во меѓувреме започна нова воена офанзива против групата.

Ридсдел беше киднапиран во септември 2015 година, од една марина близу до градот Давао, заедно со уште ден Канаѓанец Роберт Хол, неговата партнерка Филипинка и Норвежанецот Кјартан Секингстад.

Сите беа префрлени на оддалечниот остров Џоло, каде на 25 април беше ликвидиран Ридсдел. Островот важи за силно упориште на групата.

Абу Сајаф е исламистичка група, која беше блиска до Ал Каеда, а сега тврди дека е филијала на Исламска држава (ИД) во тој дел на југоисточна Азија.

Покрај овие тројца заробеници прикажани на видео пораката, групата држи кај себе и седум Малезијци и десетина Индонезијци, сите грабната од еден брод, како и еден Холанѓанец, истражувач на ретки видови птици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...