Пол Рајан: Не сум подготвен да го поддржам Трамп како републикански кандидат

Вашингтон, 6 мај 2016 (МИА) - Спикерот на американскиот Конгрес, републиканецот Пол Рајан изјави дека „во овој момент“ не е подготвен да го поддржи Доналд Трамп, како кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД.

- Сега не можам да го направам тоа, изјави Рајан во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој е највисоко рангиран политичар меѓу американските републиканци и висок функционер на оваа партија.

Во текот на кампања во 2012 година, за претседател на САД, кога во трката за Белата куќа од републиканците ги предводеше Мит Ромни, актуелниот Спикер Рајан, беше потпретседателски кандидат.

Во интервјуто, Рајан го повика Трамп да работи силно врз обезбедувањето единство во партијата, да го „спушти тонот“ во неговите јавни настапи, што медиумите не ретко го нарекуваат „силеџиски“ и да ги афирмира ставовите и платформата на Републиканската партија.

Во својот препознатлив стил на комуникација и пресметување со своите пртотивници, Трамп му порача на Рајан дека ниту тој „не е подготвен“ да ја поддржи платформата на спикерот, но изрази надеж дека во иднина тие двајцата можеби би можеле да работат заедно“.

Изјавата на Рајан претставува најсилен доказ за длабоката поделба во Републиканската партија околу тоа кој ќе биде нејзниот кандидат за годинешниве претседателски избори, затоа што тој е највисокиот републканец што досега се спротивставила на кандидатурата на Трамп.

Покрај републиканците Мит Ромни и сенаторот Џон Мекејн, против номинацијата на њујоршкиот милијардер се огласија и поранешните претседатели , таткото и синот Џорџ Буш.

Сите четворица соопштија дека нема да присуствуваат на јулската конвенција на партијата, на која би требало да се номинира Трамп за кандидат на оваа партија за изборите во ноември.

Актуелниот спикер на Конгресот, кој пред неколку месеци остро го нападна Трамп за неговите барања да им се забрани влезот на муслиманите во САД, во медиумите се споменува како „скриен адут“ на републиканците, за претседателската трка, најверојатно против Хилари Клинтон.

Рајан меѓутоа, на неколкупати досега деманираше дека би можел да се вклучи во изборниот процес, во последен момент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...