Палестинците одбија предлог на Израел за директни преговори

Рамала, 24 мај 2016 (МИА) – Палестинскиот премиер Рами Хамдалах отфрли денеска израелски предлог за директни преговори наместо мултилатерална француска мировна иницијатива, оценувајќи дека станува збор за обид за „купување време“.

– Останува малку време. Нетанјаху се обидува да купи време, но овојпат нема да и побегне на меѓународната заедница, изјави Хамдалах по средбата со францускиот премиер Мануел Валс кој е во посета на Израел и палестинските територии.

Нетанјаху одби мултилатерална француска мировна иницијатива по средбата со својот француски колега, и предложи директни преговори со претседателот Махмуд Абас во Париз. Валс рече дека на Нетанјаху му ветил оти ќе разговара со претседателот Оланд за неговиот предлог.

Француската иницијатива подразбира одржување состанок на министри за надворешни работи од неколку држави на 3 јуни меѓу кои и државниот секретар на САД, но без присуство на министри од Израел и Палестина. Меѓународна конференција потоа би била организирана наесен со присуство на претставници од Израел и Палестина. Преговорите меѓу Израелците и Палестинците се во застој од април 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...