Битка за Фулуџа: ИД ги држи цивилите како „жив ѕид“

Багдад, 25 мај 2016 (МИА) - Ирачките сили и денеска ја продолжија опсадата на Фулуџа, најголемото упориште на Исламската држава (ИД) во Ирак и кон југ ги потиснуваат џихадистите, кои, според тврдењето на портпаролот на ирачкото Министерство за надворешни работи, ги користат цивилите како „жив ѕид“. 

- Операцијата на ирачките сили од воздух е потпомагната од коалицијата предводена од САД, изјави шефот на командата во провинцијата Анбар, генерал-мајорот Исмаил ел Махалави. 

Ирачкиот премиер Хајдер ел Абади во понеделникот објави почеток на операцијата за ослобудување на Фулуџа, а од тогаш ирачките сили успеаја да го освојат местото Гарму, кој е во близина на Фулуџа. 

Портпаролот на ирачкото Министерство за надворешни работи Ахмад Џамал нагласи дека во моментов најголем проблем е тоа што екстремистите на ИД ги користат цивилите како „жив ѕид“. 

Џамал истакна дека една од целите на воената операција е да се „намали можниот број на жртви меѓу цивилите“. 

Според податоците на ОН, во Фулуџа останале заробени меѓу 60.000 и 100.000 цивили. 

Жителитна Фулуџа за „Ју-Ес Тудеј“ изјавија дека како што ирачката војска напредува, џихадистите вовеле полициски час и ги префрлиле луѓето во центарот на градот каде ги користат како „жив ѕид“. 

Фулуџа се наоѓа на 50 километри од Багдад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...