Можно одложување на мировните преговори за Сирија

Женева, 27 мај 2016 (МИА) - Можно е мировните преговори за Сирија да бидат одложени, а пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, на Советот за безбедност му пренесе дека „за две до три недели не планира нови преговори“.

Де Миструра вчера преку видеоконференциска врска пред Советот за безбедност нагласи дека прво треба да се постигне напредок во примената на прекинот на огнот и испораката на хуманитарна помош, па потоа да продолжат преговорите меѓу владата и вооружената опозиција, пренесе Танјуг.

Дипломатски извори наведуваат дека Де Мистура на СБ на ОН му напоменал дека во земјата генерално има опаѓање на нивото на судири, но дека прекинот на непријателстава од крајот на февруари на бројни места се уште официјално не е воспоставен и постои само на хартија.

Стафан де Мистура вчера на новинарите во Женева им кажа дека многу цивили ризикуваат да умрат од глад во земјата доколку хуманитарната помош брзо не стигне до нив. Посебно тој ги наведе градовите Дараја и Муадамија, во близина на Дамаск, кои се под опсада на владините сили, како и Кефраја и Фуау, кои, пак, под опсада ги држат опозициските сили.

Завојуваните страни досега оддржаа две рунди индиректни мировни преговори во Женева под патронат на ОН. Последната беше во април и беше прекината по повлекувањето на делегацијата на бунтовниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...