Барак Обама: Споменот за Хирошима не смее никогаш да избледи

Хирошима, 27 мај 2016 (МИА) - Американкиот претседател Барак Обама изјави денеска дека „споменот за Хирошима не смее никогаш да избледи“.

Обама престојува во Хиршима, каде го посети Меморијалниот парк на мирот во овој јапонски град, врз кои американската авијација, на 6 август 1945 година, фрли атомска бомба.

Повеќе од 70 илјади жители на градот, загинаа од првиот удар на новото и дотогаш непознато и неупотребено оружје, додека вкупниот број на жртвите се проценува на над 140 илјади лица.

Од градот не остана ништо, освен една зграда околу која е уреден Меморијалн парк и е изграден музеј во спомен на жртвите од атомскиот напад.

По говорот и кусото обраќање на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, претседателот Обама имаше куса средба со неколкумина преживеани жители на Хирошима и со некои блиски на оние кои загинаа во нападот.

Обама е првиот претседател на САД , по завршувањето на Втората светска војна, кој ја посетил Хирошима додека се уште е во Белата куќа.

Во своето обраќање тој не им се извени на Јапонците за фрлената атомска бомба, како што бараа некои јапонски медиуми и дел од јавноста, но се заложи за неширење на атомското оружје и за изградба на свет без атомски бомби.

Пред да допатува во Хирошима, претседателот Обама се сретна со американските војници стационирани во Јапонија.

- Ова е можност да им одадеме почит и да се присетиме на сите оние кои загинаа во текот на Вторатат светска војна,  рече претседателот на САД.

За Обама сегашното американско-јапонско сојузништво е едно од најцврстите во светот.

Јапонскиот весник „Асахи Шинбун“ посетата на Обама на Хирошима ја означува како „најсилен гест“ што е добиен од американска страна и забележува дека тој ќе може да ги слушне за страдањата на луѓето од овој град.

Анкетите направени во САД покажуваат дека големо мнозинство Американци веруваат оти употребата на атомското оружје било неопходно, за да се натера јапонската армија на капитулација.

По Хирошима, беше фрлена уште една атмоска бомба, вр градот Нагасаки, на 8 август 1945 година, од која се верува дека настрадале други 74 илјади лица.

Џими Картер е првиот американски претседател којја посетил Хирошима, но откако не беше во Белата куќа. Во 2010 година, американскиот амбасадор во Јапонија, првпат присуствуваше на годишната комеморација, што секој 6 август се одржува во Меморијлниот парк на мирот во Хирошима.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...