Најмалку 15 луѓе загинаа во самоубиствениот напад во Могадишу

Могадишу, 26 јуни 2016 (МИА) - Полицијата денеска соопшти дека најмалку 15 луѓе загинаа во самоубиствениот напад врз хотелот „Насахаблад“, што се наоѓа во центарт на Могадишу.

Припадници на сомалиската исламистичка терористичка организација Ал Шабаб вчера извршија самоубиствен бомбашки напад врз хотелот, а потоа земаа заложници. Полицијата потврди дека е завршена заложничката криза.

При нападот на бомбашот-самоубиец загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и чувари на хотелот, цивили и исламисти.

Портпаролот на Ал Шабаб тврди дека во нападот загинале најмалку 20 лица.

Исламистичката група често извршува напади во Могадишу, обидувајќи се да ја собори Владата, која е поддржана од Западот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...