Тринаесетгодишна Израелка убиена од Палестинец во својата спална соба

Ерусалим, 30 јуни 2016 (МИА) - Една 13-годишна Израелка била нападната со нож и убиена во својата спална соба, соопштија воените власти во Ерусалим.

Халел Јафа Ариел била убиена додека спиела во семејната куќа , во еврејската населба во Киријат Арба, на Западниот Брег.

Еден од луѓето кои се грижат за сигурноста и за обезбедувањето на населбата е повреден додека интервенирал да се фати напаѓачот кој потоа бил убиен од другите чуварите.

Според палестинското Министерство за здравство, убиениот Палестинец е 19-годишниот Мохамед Тараерех, од блиското село Бани Наим.

Вкупно 34 Израелци се убиени досега, во напади со нож, со огнено оружје или од автомобили во движење, од октомври 2015 година.

Повеќе од 200 Палестинци, главно млади луѓе, се убиени во истото ова време. Израелските власти тврдат дека најголемиот број од убиените биле напаѓачите.

Израелските медиуми пишуваат дека 13-годишното девејче било неколкупати избодено во горниот дел од телото. Тинејџерката била префрлена во болницата во Ерусалим, каде набргу починала.

Израелската војска подоцна го блокира селото Бани Наим и почна со подготовка за уривање на куќата во која живеел младиот убиец, што е вообичаена процедура на војската по ваквите напади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...