Стотици пожарникари се борат со голем пожар во близина на Лос Анџелес

Лос Анџелес, 25 јули 2016 (МИА) - Над 1.600 пожарникари се обидуваат да стават под контрола голем пожар, поради кој неколку стотици луѓе ги напуштиле кањоните северно од американскиот град Лос Анџелес, кои се зафатени од суша.

Засега еден човек загинал во огнената стихија, а уништени се 18 куќи и затворен е автопатот за сообраќај.

Силните ветрови и големата суша утрово предизвикаа огнот да зафати поголема површина, која достигна 13.300 хектари. Пожарот претставува закана за повеќе мали општини во близина на Санта Кларита, многу блиску до националната шума Анџелес, каде има голем број луксузни вили.

- Поради сушата, која трае веќе петта година, ние имаме вонреден режим на работа, изјави началникот на локалната противпожарна служба Дарил Осби.

Пожар беснее, исто така, и во крајбрежниот реон на округот Монтереј, на 480 километри северозападно од Санта Кларита, поради што властите вчера извршија евакуација во неколку општини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...