Трaмп не ја отфрла можноста за сојуз со Русија во борбата против ИД

Вашингтон, 26 јули 2016 (МИА) - Републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп изјави дека, доколку биде избран за претседател на САД, ќе ја разгледа можноста за сојуз со Русија во борбата против терористичката групација Исламска држава, но ги отфрли гласините дека добива помош во кампањата од рускиот преседател Владимир Путин.

На митинг во Винстон Салем, во Северна Каролина, Трамп ги отфрли обвинувањата и инсинуациите дека разузнавачките служби на Путин можеби имаат удел во хакерскиот напад во мејл преписките на Националниот комитет на Демократската партија.

Роби Мук, раководителот на предизборниот штаб на Хилари Клинтон, претходно обвини дека е многу веројатно руски хакери да „влегле" во електронската кореспонденција за да им наштетат на демократите и со тоа да му помогнат на Трамп.

- Не сметам дека случајно тие мејлови протекоа вечерта спроти нашиот Конгрес и мислам дека тоа е прилично симптоматично, рече Мук за Си-Ен-Ен.

Трамп пак, на тоа одговори дека тоа е една од „најчудните теории на заговор", за коишто кога било ги чул и додаде дека никогаш не се сретнал со Путин.

- Но, ако подобро размислите, нема ли да е добро да се договориме со Русија? Не ќе ли е убаво, ако заедно со Русија ја уништиме ИД? - запраша Трамп на собирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...