Во воена операција во Авганистан ликвидиран локален лидер на ИД

Кабул, 26 јули 2016 (МИА) - Саад Емарати, еден од локалните лидери на терористичката група Исламска држава во Авганистан, е убиен во операција во источниот дел од земјата, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Емарати бил ликвидиран вчера во регионот Кот, во провинцијата Нангархар.

Тој бил заменик на воениот лидер на ИД во регионот и ја предводел борбата против владините сили.

- За време на операцијата на авганистанските безбедносни сили против ИД во овој регион во последните 24 часа се убиени 122 бунтовници, а 20 други се уапсени, информира портпаролот на провинцискиот гувернер Атаула Хогиани..

Во операцијата, што се уште трае, учествуваат и авиони.

Засега нема информации за загинати цивили меѓу локалното население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...