Историјат на кандидатките за претседател на САД

Вашингтон, 29 јули 2016 (МИА) - Светските медиуми наголемо објавуваат дека Хилари Клинтон е првата жена кандидат за претседател на САД, но историјатот на американските претседателски избори покажува дека вистината е малку поинаква.

Имено, Хилари Клинтон е првата жена официјално номинирана за претседателски кандидат од една од двете најголеми партии во САД, но не е и единствена во американската историја, иако досега ниту една друга кандидатка за Белата куќа не била толку близу до победа на изборите.

Вчера на Демократската национална конвенција во Филаделфија, Клинтон и официјално беше прогласена за кандидат за претседател на САД од Демократската партија.

Историјатот на кандидатките за Белата куќа започнува уште во далечната 1870 година, долго време пред дури жените да добијат право на глас, што се случило во 1920 година.

Прва на овој список е Викторија Вудхал, ревносен борец за правата на жените. Таа својата претседателска кандидатура ја најавилз на 2 август 1870,со  писмо до весниците „Њујорк Хералд“ и „Смитсонијан Магазин“. Во него, таа забележала дека „очекува повеќе потсмев отколку ентузијазам, но она што денес ни се чини апсурдно, утре ќе добие вистинска смисла“.

Во 1872 година, Партијата за еднакви права официјално ја номинираше Вудхал, но ниту таа, ниту Партијата не добија дозвола за учество на изборите. Така, оваа визионерка официјално не добила гласови.

Втора на листата е Белва Ен Локвуд, уште една поборничка за женски права. Таа двапати се кандидирала за претседател како претставничка на Националната партија за еднакви права во 1884 и 1888 година.

Понатаму, следува името на Ширли Чисхолм. Таа е првата Афроамериканка во Конгресот, која била кандидат за номинација на Демократската партија. Кандидатки за номинација беа и демократката Керол Мозли Браун, воедно и поранешна сенаторка - во 2004 и републиканката Мишел Бакмaн во 2012 година. 

Уште една жена, Џил Стејн е овогодишен претседателски кандидат на Зелената партија, која за оваа должност се кандидираше и во 2012-та. 

Традиционално, две најголеми американски партии се Републиканската и Демократската. Неофицијално, во САД одамна е „на сила“ двопартискиот систем, така што објективно, независните кандидати, или пак оние кои доаѓаат од некоја помала партија, имаат минорни шанси за успех.

Денес, првпат една од двете најголеми партии во САД, официјално кандидираат жена за претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...