Американски воени инструктори и дронови се поддршка на турската операција во Џараблус

Њујорк, 24 август 2016 (МИА) - Американски воени инструктори и беспилотни летала од базата Инџирлик и даваат поддршка на Турција во изведување на воената операција во северниот сириски град Џараблус, информира весникот „Волстрит џурнал“, цитиран од ТАСС.

Весникот се повикува на американски и турски официјални претставници. 

Американските дронови, што се распоредени во базата Инџирлик, во јужна Турција, изведуваат разузнавачки летови над Џараблус.

Американските специјални единици, што се наоѓаат во Турција, соработуваат со турската воена команда во планирањето на турската офанзива на северот од Сирија, прецизира „Волстрит џурнал“.

Весникот, повикувајќи се на извор од американската  администрација, информира за подготвеноста на Вашингтон да испрати авиони за воздушна поддршка на сириската вооружена опозиција.

- Ги синхронизираве нашите активности со Турците, посочи изворот.

Изворот од американската администрација уште посочил дека САД ја поддржуваат воената операција на Турција во Џараблус.

Според него, САД на курдските единици јасно им порачале дека веќе нема да добиваат воена помош од Вашингтон доколку се обидат први да го ослободат градот од џихадистите од ИД.

- Не сакаме директни судири на курдските сили и Турците, изјави американскиот извор.

Според  него, САД сметаат дека операцијата „Ефратски штит“ ќе му стави крај на придвижувањето на Курдите на север, кон Џараблус.

- Го прекинавме придвижувањето на Курдите на север. Или јасно им порачавме дека треба да го прекинат доколку сакаат и натаму од нас да добиваат некаква поддршка, посочи изворот.

Сметам дека на овој начин и во овој момент успеавме да ја отстраниме причината за најголемата загриженост на Турците, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...