Нападнат Американскиот универзитет во Авганистан

Кабул, 24 август 2016 (МИА) - Група вооружени мажи попладнево го нападна Американскиот универзитет во авганистанската престолнина Кабул.

Прво, во реонот на институцијата се слушна експлозија, а потоа пукотница. Вооружените мажи успеале да навлезат во зградата на универзитетот.

„Во рамките на кампусот сега се слуша пукање“, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

- Неколку вооружени лица го нападнаа универзитетот. Тие се во универзитетскиот комплекс. На универзитетот има странски професори, како и стотици студенти, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи, пренесува БТА.

На Твитер авганистанскиот фотограф Масуд Хосаини напиша од универзитетот дека внатре се води борба, дополнува ДПА.

„Помош. Ние сме заглавени во универзитетот и се слушна пукање, па експлозија. Овој може е мојот последен твит“, напиша тој на социјалната мрежа.

Студентот Ахмад Шахир, кој е во универзитетот, телефонски за американскински медиум раскажа дека луѓето таму се блокирани во училниците и дека се слушаат истрели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...