ЕСО: Околу Проксима Кентаур кружи планета слична на Земјата

Минхен, 24 август 2016 (МИА) - Научниците од Европската јужна набљудувачница (ЕСО) денеска соопштија дека откриле планета слична на Земјата, што кружи околу Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до нас по Сонцето, и се наоѓа во зона во која на неа може да има вода во течна агрегатна состојба.

Планетата наречена Проксима Б кружи околу ѕвездата - црвено џуџе, а стручњаците веруваат дека постои шанса таа да е најблискиот свет надвор од Сончевиот систем на кој може да има живот, јави Би-Би-Си.

Ѕвездата Проксима Кентаур наречена е така бидејќи Проксима на латински значи блиску. 

Црвеното џуџе има маса околу една осмина од масата на Сонцето и е составен дел од тројниот состав на ѕвездите. Кружи околу Алфа Кентаур А и Б кои спаѓаат меѓу најсјајните ѕвезди на јужното небо. Од тие три ѕвезди, најблиска е до Земјата.

Планетата е откриена со помош на спектрографот ХАРПС на 3,6-метарскиот телескоп „Ла Сиља“, во пустината Атакама, во Чиле.

Собраните податоци покажаа дека обиколката на планетата околу ѕвездата се изведува за 11,2 дена.

Деталната анализа на податоци укажува дека масата на Проксима Б е најмалку 1,3 пати поголема од масата на Земјата и дека се движи на одалеченост од околу седум милиони километри од матичната ѕвезда, што е околу пет отсто оддалеченост меѓу Земјата и Сонцето.

Иако Проксима Б кружи околу црвеното џуџе на многу помала одалеченост од онаа меѓу Меркур и Сонцето, џуџето има многу послаб сјај, така што се наоѓа во зона во која на неа може да има вода во течна состојба, наведе Индекс.хр.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...