Најџел Фараж му помага на Доналд Трамп да ја победи Клинтон

Џексон, 25 август 2016 (МИА) - Лидерот на заминување, на малата британска антиевропска Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) Најџел Фараж се приклучи на кампањата на Републиканската партија на САД, за да му помогне на Доналд Трамп да ја победи Хилари Клинтон.

На предизборниот митинг во градот Џексон, во сојузната држава Мисисипи, Фараж го храбрел републиканскиот претседателски кандидат да истрае во својата кампања, тврдејќи дека таа, таква каква што е,  ќе му ја обезбеди победата на изборите.

Трамп им го претставил Фараж на Американците како „брилијантен лидер„ на УКИП и како предводник на кампањата за Брегзит што доведе до победа на референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, по 43 години членство.

Фараж возвратил дека Трамп може да ја победи Клинтон, без разлика на сегашните прогнози, на истражувањата и на тврдењата на аналитичарите кои ја определуваат Хилари Клинтон како фаворит.

Британскиот политичар кој реши да се повлече од лидерската функција во партијата и покрај победата  на референдумот, им порачал на Трамп, на републиканците и на нивните симпатизери дека носи за нив „порака на надеж и оптимизам„. 

Во обраќањето на митингот, тој го уверувал Трамп дека  зад него стојат „обичните луге„  на Америка и дека со нив може да победи, како што обичните луге во Британија застанале зад Брегзит и победиле на британскиот референдум.

Доналд Трамп беше единствен од странските политичари кој јавно го подржуваше Брегзит и излегувањето на Британија од ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...