ОН: Под итно да се ублажи страдењето во Јемен

Њујорк, 25 август 2016 (МИА) - Обединети нации денеска побараа формирање независно меѓународно тело за спроведување  истрага за кршење голем број човекови права во Јемен.

Во извештајот на ОН наведени се низа примери за кршење на човековите права од страна на сите завојувани страни во Јемен, каде има загинато најмалку 4.000 цивили.

- Цивилите во Јемен со години неподносливо страдаат како последица од вооружените судири. Тие и понатаму трпат, во отсуство на каков било облик на одговорност и правда, а тие кои се одговорни за нивното страдање се неказнети, изјави шефот на правниот сектор на ОН, Зеид Рад ал Хусеин.

Во извештајот се наведени голем број на напади врз станбени населби, пазари, болници и училишта.

Во извештајот на ОН се осудуваат и намерните убиства на најмалку шест новинари, употребата на касетни бомби, мини и снајперски напади, како и користењето на деца-војници. Од јули 2015 до мај 2016 година најмалку 559 деца биле регрутирани за „човечки штитови“ или да се борат.

Според Светска здравствена организација над 6.600 луѓе загинале во судирите во Јемен, вклучително и борци, додека над 33.000 се повредени.

Милиони луѓе во Јемен немаат храна. чиста вода и соодевтна здравствена заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...