Бразилската полиција го обвини Рајан Лохти за „лажно сведочење“

Бразилската полиција и формално го обвини американскит пливач Рајан Лохти, добитник на златен медал на Олимписките игри во Рио, што завршија изминатиот викенд, за „лажно сведочење“ и за давање „лажни“ изјави, по еден инцидент за време на Олимпијадата.

Заедно со обвинувањето, полицијата препорачува , олимпиецот Лохти да биде повикан на сослушување и судење во Бразил.

Тој замина од Рио уште додека се уште траеше Олимпијадата, додека  другите тројца Американци од пливачката штафета, кои исто така беа вклучени во инцидентот, беа симнати од полицијата од авионот пред да заминат за САД и одведени на сослушување.

Лохти првично има изјавено дека тој и неговите другари биле изложени на „вооружен грабеж“ на една бензинска пумпа во близината на олимпиското село, од човек кој носел полициска значка.

Бразилската полиција грубо реагираше на ваквото обвинување, тврдејќи дека немало грабеж и дека никој не ги ограбил пливачите. 

Полицијата потоа ги обвини сите четворица дека „лажат„ и дека даваат „лажни обвинувања„ отривајќи дека човекот со значка бил приадник на обезбедувањето на бензиската пумпа.

Американските телевизиски станици кои не го бранат Лохти, сепак, прикажаа снимки од безбедносните камери на кои се гледа како пливачите се натерани да легнат на тлото и во нив држи вперен пиштол.

Правни експерти во САД, објаснуваат дека вперувањето оружје и изнудување присилна наплата, претставува „вооружен грабеж„ и во САД, но и во Бразил.

Полицијата во Рио ги отфрла таквите толкувања и го оправдува однесувањето на обезбедувањето, тврдејќи дека пливачите ивршиле „вандализам„ - ја скршиле бравата на вратата од тоалетот.

Лохти подоцна јавно се извини за инцидентот, прифаќајки дека станува збор за негова грешка и дека бил под дејство на алкохол, но сега мора да се брани од обвинување.

Максимална казна за вакво дело е 18 месецизатвор, но брзилски правни експерти објаснуваат дека ако Лохти дојде во Бразил, може да помине со парична казна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...