|
|
Во Кенија уапсени медицински лица за намерата да изведат бактериолошки напад со антраксНајроби, 30 август 2016 (МИА) - Полицијата во Кенија соопшти дека уапсила лекар стажант и негов соучесник под обвинение дека како дел од локална ќелија на екстремистичката група Исламска држава се обидувале во земјата да организираат бактериолошки терористички напад со антракс, пренесоа американските медиуми.
Во соопштението на антитерористичкиот оддел на кениската полиција се наведува дека по добиена пријава од локални жители, уапсени се Мохамед Шукри Јеров, лекар стажант од општинската болница во Малинди, и Абдулразак Абдинур.
Според полицијата, се трага по уште други двајца медицинари.
Во мај беа уапсени лидерот на ќелијата Мохамед Абди Али - лекар стажант во општинскатата болница во Маквени, и неговата сопруга - студентка по медицина во Уганда.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|