Обама и Путин се договорија да продолжат преговорите за прекин на огнот во Сирија

Ханџу, 5 септември 2016 (МИА) - Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, на маргините на дводневниот самит на Г-20 во кинескиот град Ханџу, се договорија да ги продолжат преговорите за договор за прекин на огнот во Сирија, изјави денеска неименуван висок претставник од администрацијата на американскиот претседател.

Според него, планот треба да овозможи американско-руско воено партнерство во борбата против екстремистичките групи во Сирија. Двајцата претседатели им дале инструкции на своите тимови набрзо да се сретнат, можно е кон крајот на неделата.

- Обама и Путин ги разјаснија преостанатите празнини во преговорите, кои во голема мера се однесуваат на начин на кој договорот ќе биде применет, посочи неименуваниот американски извор, додавајќи дека состанокот меѓу Обама и Путин траел 90 минути.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека средбата меѓу Путин и Обама траела подолго од предвиденото, како и оти состанокот добро поминал и дека „работата ќе продолжи“.

Пред состанокот на двајцата претседатели имаше средба на државниот секретар на САД Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, што заврши без договор.

Неименуван висок претставник на Стејт департментот по средбата на Кери со Лавров посочи дека „остануваат разликите“.

Белата куќа соопшти дека Обама пред средбата со Путин, на маргините на самитот Г-20 се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, со кои разговараше за ситуацијата во Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...