Филипинскиот претседател до исламистите: Ќе ве изедам живи

Манила, 6 септември 2016 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека „лично ќе ги растргне и ќе ги изеде исламските милитанти од движењето Абу Сајаф, кои неодамна извршија терористички напад во неговото родно место. 

- Ќе платите. Кога ќе дојде време ќе ве изедам пред народот, порача Дутерте до Филипинците од Лаос, каде се наоѓа на регионален самит. 

- Ако ме разбеснете, ќе ве изедам живи, сурови, додаде тој. 

Филипинскиот претседател, кој е познат по навредување на своите критичари, покрена брутална војна против криминалот во земјата, во која речиси три илјади луѓе се убиени откако на 30 јуни дојде на функцијата.

Советниците на Дутерте често пати апелираат до новинарите неговите коментари да не ги сфаќаат буквално, бидејќи тој користи груб народен јазик.

Милитантите од Абу Сајаф минатиот месец убија 15 војници, а се товарат и за бомбашкиот напад извршен минатата недела во родниот град на Дутерте, Маасин, во кој загинаа 14 лица.

- Ќе ви ја распарам утробата. Дајте ми оцет и сол и ќе ве изедам. Не се шегувам, додаде тој.

Абу Сајаф е мала групација на исламистички терористи, која дејствува во зафрлените места на јужните острови на Филипини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...