Обама: Сериозната работа да се биде претседател „не е за Трамп“

Виентијан, 8 септември 2016 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама го оквалификувал републиканскиот кандидат Доналд Трамп како „шут и неинформиран“ откако тој изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин е „подобар лидер“ од Обама.

На брифинг со американските медиуми во Виентијан, главниот град на Лаос, каде престојува, Обама истакнал дека „секогаш кога зборува, станува се појасно дека кандидатот на републиканците (Трамп), не е квалификуван да биде претседател на САД“.

- Да се биде претседател е навистина сериозна работа, а тоа не е за него, рекол Обама.

Во една предизборна дебата со воените старешини и ветераните, пренесувана преку телевизија, Трамп повторно го возвишувал Путин, затоа што рускиот претседател „имал голема контрола во земјата“ и затоа што има поддршка од 82 отсто од руското население.

Обама во Виентијан учествува во работата на Самитот на земјите од АСЕАН, а претходно беше во Кина во рамки на годинешниот Самит на групата Г-20.

- Можам да кажам по серијата взаемни активности што ги имав во изминатите осум-девет денови со светските лидери, дека политиката е сериозен бизнис, им изјавил Обама на американаките медиуми.

Во дебатата на која Трамп повторно се воодушевувал од рускиот претседател, на прашање на водител на телевизијата Ен-Би-Си, републиканскиот кандидат се пофалил со комплиментот на Путин упатен кон него, дека е „брилијантен“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...