Реакции по севернокорејската нуклеарна проба

Токио, 9 септември 2016 (МИА) - Северна Кореја изврши денеска тестирање на нуклеарно оружје во комбинација со напредокот на Пјонгјанг во развојот на мобилната балистичка ракетна технологија, што претставува смртна закана за Јапонија, изјави јапонската министерка за одбрана Томоми Инада. 

- Не можеме да ја негираме можноста дека Северна Кореја ги намалила димензиите до мерки прифатливи за производство на нуклеарни боеви глави, рече Инада. 

Таа додаде дека јачината на потресот, кој следел по тестирањето укажува дека во никој случај не станува збор за хидрогенска бомба. 

Јапонија исто така најави дека ќе ја разгледа можноста за воведување дополнителни санкции против Северна Кореја поради овој тест. 

- Сите треба да покажат воздржаност и предизвикувањето хаос или војна на Корејскиот Полуостров не е во ничиј интерес, истакнува денеска кинеската државана агенција Синхуа во прва реакција по петтата нуклеарна проба извршена во Северна Кореја.

- Нуклеарната проба на Пјонгјанг „не е мудар потег“, но и одлуката на Јужна Кореја да распореди американски антиракетен систам исто така ја нарушува стратешката рамнотежа во регионот, оценува агенцијата.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлучно се спротивставува на нуклеарната проба и го повика Пјонгјанг да не презема акции што би ја влошиле ситуацијата.

 

- Сите провокативни акции на Пјонгјанг ќе донесат сериозни последици, предупреди денеска американскиот претседател Барак Обама, кој потоа имал телефонски разговори со јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хе и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

- Во својата петта најсилна нуклеарна проба лидерот Ким Џонг-ун стана „безобзирен манијак“, кој целосно ги ингорира светските апели да се откаже од развивање нуклеарно оружје, рече Парк Гуен-хе.

 

Францускиот претседател Франсоа Оланд остро ја осуди севернокорејската нуклеарна проба.

- Меѓународната заедница треба да се обедини пред оваа нова провокација од Северна Кореја, додаде тој.

Оланд го повика Советот за безбедност по ова очигледно ново непочитување на негови резолуции.

Претходно Советот за безбедност на ОН соопшти дека ќе има вонредна седница во врска со севернокорејскиот нуклеарен тест за кој се верува дека е најмоќен досега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...