САД и Русија го усогласија планот за примирје во Сирија

Женева, 10 септември 2016 (МИА) - САД и Русија го усогласија денеска планот за прекин на огнот во Сирија и поставување темели за мировен процес, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери. 

Тој нагласи дека примирјето во Сирија ќе стапи во сила в понеделник, првиот ден од муслиманскиот празник Курбан бајрам и дека доколку потрае неколку недели, САД ќе ја почнат соработката со руските сили со цел заедничка борба против Исламска држава и Фронтот ал Нусра. 



Американскиот државен секретар стоејќи до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по целодневните вчерашни маратонски разговори во Женева, изрази уверување дека тој план ќе доведе до преговори за прекин на судирите. 

- Денес САД и Русија објавуваат план за кој се надеваме дека ќе го намали насилството, ќе ги ублажи страдањата и ќе го продолжи движењето кон преговорите за мир и политичка транзиција во Сирија, рече Кери.

Тој додаде дека САД вложиле дополнителни напори бидејќи веруваат дека Русија и Лавров имаат можност да извршат притисок врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад да го спречи тој судир, да седне на преговарачката маса и да склучи мир.




Лавров претходно изјави дека смета оти преговорите меѓу САД и Русија наскоро ќе дадат резултати, како и дека делегациите на Москва и Вашингтон новиот состанок можат да го одржат следната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...